Виргил ван Дијк ќе биде надвор од теренот подолго време. Дефанзивецот се повреди на натпреварот против Евертон, додека времето на неговото опоравување не е познато.
Клоп зборуваше пред натпреварот против Шефилд Јунајтед и потврди такво нешто.
„Дозволете да се направи операцијата еднаш, а потоа ќе видиме кога може да се врати. Знам дека луѓето се многу заинтересирани за Ван Дијк, но не е нормално да се зборува секој ден за тоа кога може да се врати на терените“.
„Воопшто не сакаме да знаеме колку долго ќе ни недостасува. Потребно е време пред неговата ситуација да биде целосно јасна. Закрепнувањата варираат во зависност од играчите, секој се справува со ситуацијата различно од другите“, рече германскиот тренер.