ФУДБАЛ

Клоп инсистира на Гравенберг, Ливерпул тргна во акција

Фудбалскиот клуб Ливерпул преговара со Баерн Минхен за трансфер на играчот од средниот ред Рајан Гравенберг.

Како што денеска објави Скај, двата клуба преговараат за цената за 21-годишниот холандски фудбалер, пред Ливерпул да испрати официјална понуда.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е во потрага по играч од средниот ред, а Гравенберг е првата опција на листата на кандидати на која се најдоа Енцо Фернандез, Аурелиен Чуамени, Николо Барела и Џуд Белингем.

Гравенберг минатото лето се пресели во Баерн од Ајакс за 18 милиони евра, но одигра само 711 минути, бидејќи предност имаат Џошуа Кимих и Леон Горецка.

Како дел од договорот меѓу Ајакс и Баерн, во договорот има клаузула од седум и пол проценти од следната продажба на Гравенберг.

Баерн сака да го продаде, а вредноста на холандскиот фудбалер се проценува на 35 до 40 милиони евра.