ФУДБАЛ

Клоп ја исмева легендата на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека единствено што научил за време на задолжителниот карантин поради коронавирусот, дека легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил има свое мислење за секоја можна тема.

Германскиот стратег од март чека зелено светло за продолжување на спортските активности, додека на Ливерпул сè уште му требаат само две победи за да ја освои титулата во Премиер Лигата – што ќе го направи Ливерпул англиски шампион за прв пат по 30 години.

Клоп го поминува своето време во карантин гледајќи стари фудбалски натпревари, додека најавува дека ги следи и најновите вести од светот на фудбалот.

Поранешниот крилен играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил работи како аналитичар во „Скај Спортс“ и коментарите на Клоп се чини дека му го привлекоа вниманието.

„Не научив многу за време на карантинот, освен дека Гери Невил има свое мислење за апсолутно сè! Тоа е прекрасно!“.

„Знаев пред тоа дека можам да се соочам со тешки ситуации, и ова е тешка ситуација не само за мене и за моето семејство, туку и за целата планета. Јас сум многу горд на начинот на кој се справуваме со оваа криза како општество“. 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига