ФУДБАЛ

Клоп ја открива причината за проблемите на Ливерпул против Салцбург

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, даде интервју за „БТ Спорт“ на крајот од натпреварот против Слацбург.

„Подобро е да ја научиме лекцијата за време на натпреварот отколку да разговараме за тоа подоцна. Мислам дека бевме одлични во првите 30 минути. Потоа, Салцбург го смени системот на игра и ја загубивме топката. Тоа создаде многу проблеми за нас.“ , изјави Клоп.

„Не сум лут. Тимот играше добро и се бореше да стигне до победата. Ова е тешка група, но ги сакавме трите бода и сега сме во игра“.