Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му посвети и неколку реченици на Диего Марадона.
Како и сите, Клоп го обожаваше Марадона и беше дел од неговиот живот. Германецот одлично го познаваше Аргентинец и признава дека е еден од тројцата најголеми.
“Јас имам 53 години и цел живот бев дел од Марадона. Тој беше сензационален. Страшно ќе ми недостасува”, изјави Клоп и додаде:
„Тој е еден од тројцата големи: Марадона, Меси и Пеле “.
Потсетуваме, Марадона почина во средата и беше погребан синоќа во Буенос Аирес.