ФУДБАЛ

Клоп јасен пред вечерашниот меч: Само првото полувреме

Ливерпул вечерва го игра реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал.

На првиот меч беше 2-0, па јасно е дека англискиот тим има се во свои раце.

Сепак, далеку од тоа, Виљареал нема да се предаде.

 

За ова е свесен и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

 

Само првото полувреме.Мораме на најдобар начин да ја игнорираме предноста од првиот натпревар. Знаеме дека ќе дадат се од себе, тоа е јасно. Ќе биде тешко, но ок, полуфинале во Лигата на шампионите треба да биде тешко. Одигравме добар натпревар на наш терен и сега ќе играме и на нивен терен“, изјави Клоп.

„Доколку Виљареал биде подобар и победи со резултат кој е доволен за финале, ќе им честитаме“, додаде тој.

 

Натпреварот вечерва се игра од 20:45 часот.

 

Кај Виљареал нема да бидат Морено и Пина, а кај гостите Фирмино.

 

Од Виљареал накратко порачаа дека играат во својот град и дека нема да се предадат.