ФУДБАЛ

Клоп: Јасно е дека ни претстои многу работа во лето

Фото: BRENTFORD, ENGLAND - JANUARY 02: Juergen Klopp, Manager of Liverpool, looks on prior to the Premier League match between Brentford FC and Liverpool FC at Brentford Community Stadium on January 02, 2023 in Brentford, England. (Photo by Ryan Pierse/Getty Images)

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во најавата за пресметката против Кристал Палас во Премиер лигата, под сенка на дебаклот во Лигата на шампионите од Реал, ги анализираше претстојните потези на тимот од Енфилд.

„Црвените“ ги загубија речиси сите шанси за трофеј, испаднаа од двата купа, се на прагот на елиминација од Лигата на шампионите откако на „Енфилд“ загубија со 5:2 од Реал, а моментално се осми во лигата, како дури седум бода помалку од четвртото место кое води до шампионот во Лигата. Сите се согласуваат дека итно се потребни засилувања, а тоа го признава и самиот Клоп.

– Знаеме дека мора да се подобриме и да ги промениме работите. И ние ќе го направиме тоа. Имаме многу работа во лето, но сега не можеме. Од нас се очекува со сопствени сили да се бориме за остварување на нашите цели – изјави Клоп.

Таа цел сега е пласман во Лигата на шампионите, а јасно е дека Ливерпул го очекува реконструкција на лето. Бидејќи договорите им истекуваат на Кеита, Милнер, Окслејд-Чембрлен како и Роберто Фирмино.

– Сè уште не можеме да знаеме кого ќе донесеме и колку играчи додека не знаеме кои сите ќе заминат. Нашите трансфери мора да имаат смисла.

Сепак, прашањето кое постојано виси е зошто тимот не се засили соодветно пред оваа сезона.

– Не беше време за големи промени. Имавме финале по финале, практично игравме до последната минута. Следуваа многу повреди, а потоа Мундијалот…

ПОВРЗАНО

Премиер Лига