ФУДБАЛ

Клоп јавно ги повика ефтините стопери да го контактираат: „Испрати ми порака“

Поради повредите, Јирген Клоп очајно се обидува да ја засили својата одбрана.

Ливерпул игра без Ван Дајк, Гомез и Матип, додека претходно Ловрен беше продаден во Зенит. Така, актуелниот шампион на Англија во сезоната во која ја брани титулата е принуден да одигра добар дел од натпреварите без класичен стопер, па Клоп мораше да стави таму играчи од средниот ред или неискусни и млади фудбалери на последните натпревари.

По победата над Тотенхем (3:1), Јирген Клоп јавно ги покани ефтините стопери што побрзо да го контактираат.

“Неверојатно е што се случува со нашата одбрана. Треба да најдеме нов стопер. Ако познавате некого ефтин и квалитетен, испратете ми порака”, рече менаџерот на “црвените”.

Ситуацијата за Ливерпул малку се подобри откако славеа со 3:1 во Лондон над Спарс и така по пет врзани натпревари без погодок, конечно проработе. „Црвените“ се четврти на табелата со 37 бода, додека водечкиот Сити има 41 и натпревар помалку.