Германскиот тренер на клупата на Ливерпул нема решение за Мадрид.
Реал со двете победи против Ливерпул сосема заслужено се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По повеќе од убедливи 5:2 на Енфилд, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше 1:0.
Ова е петти пат во последните шест години на клупата на Ливерпул Јирген Клоп да биде елиминиран од Лигата на шампионите од клубови од Мадрид – четири пати од Реал, еднаш од Атлетико.
Само во сезоната 2018/19 не се сретна со екипи од главниот град на Шпанија, а потоа ја освои Лигата на шампионите. Во сите други сезони тој испаѓаше од Реал или Атлетико.
Настапот на Ливерпул во Лигата на шампионите под водство на Јирген Клоп изгледа вака:
2017/18: Пораз од Реал Мадрид во финалето во Киев (1:3)
2018/19: Ја освои Лигата на шампионите победувајќи го Тотенхем во финалето (2:0)
2019/20: Елиминиран во осминафиналето од Атлетико Мадрид (0:1 – 2:3)
2020/21: Елиминиран во четврт-финалето од Реал Мадрид (1:3 – 0:0)
2021/22: Пораз од Реал Мадрид во финалето во Париз (0:1)
2022/23: Елиминиран во осминафиналето од Реал Мадрид (2:5 – 0:1)
