Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Тоа ќе биде нова пресметка на финалистите од 2018 година кога Реал славеше со 3-1 во Киев и можност за „црвените“ да се одмаздат за овој пораз.
Јирген Клоп имаше интересен коментар за ждрепката.
“Кристијано или Бејл повеќе ги нема, но тука се Рамос, Модриќ и Крос. Ќе биде тежок натпревар, но ждрепката е добра за мене, бидејќи кога ќе погледнете во други тимови што можевме да ги извлечеме, мислите “О Боже“, бидејќи сите тие се многу силни и квалитетни “, рече Клоп.
Првиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул се игра на 6 април, а реваншот е на 14 април на „Енфилд“.