ФУДБАЛ

Клоп лут поради промената во Премиер лигата: Ако ви се допаѓа таква игра, гледајте борење

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е бесен на новите промени во англиската Премиер лига.

Ливерпул на Клоп вчера славеше со 2-0 против Барнли, но Германецот беше загрижен за начинот на кој играа гостинските играчи, кои беа најблаго кажано агресивни и се чинеше дека во секој момент може да се повреди еден од играчите на „црвените“.

“Секогаш треба да бидете подготвени за тешка борба и ние бевме подготвени за тоа, но сите ги видовме сите тие дуели со Барнс и Вуд над Ван Дaјк и Матип денес. Не сум сигурен дека судиите одат во вистинската насока со овие одлуки. Вратете се назад 10 или 15 години. Правилата се такви какви што се, но таквите ситуации не можат да се толерираат“, рече Клоп во интервју за ТВ БТ Спорт по натпреварот.

“Мислам дека не е точно, но не можам да одлучувам за такви работи. Во ред, сите сакаме играта да се одвива, да нема многу прекини, но секогаш имаме ситуации како вториот гол на Брентфорд (против Арсенал ). Мора да е фаул. Не можете да имате раце на голманот и да кажете дека тоа е фудбал. Не можеме да кажеме дека тоа е нешто што сакаме да го гледаме. Ако ви се допаѓаат тие работи, тогаш подобро гледајте борење”, рече Германецот.

Премиер лигата ги советува своите судии да дозволат натпреварите да бидат пофлуидни отколку во претходните сезони, односно да го направат свирежот помалку слушлив. Таа се одлучи за оваа промена по бројните обвинувања за користење на ВАР минатата сезона.

Ливерпул ја отвори сезоната со две сигурни победи, прво 3-0 против Норич и сега 2-0 против Барнли. Со враќањето на Вирџил ван Дајк, одбраната на Ливерпул е далеку подобра, а напаѓачките моќни „црвени“ можат да дадат голови на секого.

Фановите се оптимисти дека по полоша сезона, Ливерпул повторно ќе биде конкурентен за освојување на титулата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига