ФУДБАЛ

Клоп: Моите момци имаа одлична сезона и никој не може да го оспори тоа

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не жали премногу што не успеале да го соборат рекордот со за освојување на Премиер лигата со најмногу освоени поени во текот на сезоната.

Ливерпул вчера загуби со 2-1 од Арсенал и остана на 93 поени, и ја загуби шансата да го сруши рекордот што го држи Манчестер Сити од сезоната 2017/2018. кога постигна дури 100 поени. Клоп по натпреварот изјави дека најважно е што неговиот тим ја освоил титулата.

“Имаме 93 бода и го освоивме шампионатот многу рано. Јас нема да направам негативен заклучок само затоа што не можеме да достигнеме 100 или повеќе поени. Моите фудбалери имаа фантастична сезона и никој не може да им одрече”, рече германскиот стратег.

Сепак, тој додаде дека сакаат да ја завршат сезоната со 99 бода победувајќи ги последните два натпревари против Челзи и Њукасл Јунајтед. Ливерпул стана шампион на Англија седум кола Пред крајот на сезоната по 30 години чекање. Во моментов Ливерпул има 93 бода, а потоа следуваат Манчестер Сити со 75, Челзи 63, Лестер и Манчестер Јунајтед со по 59, па Волците со 56 поени.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига