Фудбалерите на Ливерпул го победија Наполи со резултат 2:0 и со тоа на некој начин му се реваншираа за убедливиот пораз од 4:1 на стартот од Лигата на шампионите.
По мечот, Јирген Клоп посебно го пофали прекрасниот Хвич Кварачелија, кој повторно блесна и е едно од најголемите изненадувања оваа сезона.
„Тој е одличен играч, навистина ми се допаѓа. Тешко е да се чува, многу е брз. Кога ќе дојде до предност при приемот, тој веќе е во бегство. Брз, добар со топката, влегува внатре, напаѓа на крило. Тој е е во неверојатна форма од почетокот на сезоната, изјави Клоп .
Популарниот „Кварадона“ на 17 натпревари веќе постигна осум гола и додаде 10 асистенции.
Навивачите на Ливерпул на големо пишуваат на социјалните мрежи дека тој е совршен играч за системот на Клоп и можеби идеална замена за Садио Мане, кој ова лето се пресели во Баерн Минхен.
Иако дојде Дарвин Нуњез, како класичен напаѓач не може да направи се што прави Сенегалецот.
Познавајќи го Аурелио Де Лаурентис, „Кварадона“ нема да замине за помалку од 100 милиони, иако летово му плати само 10 милиони.