Јирген Клоп сака да донесе уште еден стопер во следниот преоден рок, кој ќе го спари со Вирџил ван Дајк.
Во последно време се шпекулира дека Ливерпул ќе се обиде да го доведе Де Лихт, кој се пресели од Ајакс во Јувентус, но тоа е тешко да се очекува.
Сепак, англиските медиуми објавија дека Клоп ја пронашол својата цел, а тоа е стоперот на Севиља, Диего Карлос.
Клоп верува дека Бразилецот би бил идеален партнер на Ван Дајк во дефанзивата на Ливерпул, и очекува да дојде во Англија следната сезона.
Останува да се види дали Севиља ќе го ослободи, бидејќи овој фудбалер пристигна во Севиља од Нант на почетокот на сезоната за 16 милиони евра.