ФУДБАЛ

Клоп: Не е тоа што го сакавме, туку тоа е она што го добивме

Фото: MADRID, SPAIN - MARCH 15: Juergen Klopp, Manager of Liverpool, embraces Fabinho after the UEFA Champions League round of 16 leg two match between Real Madrid and Liverpool FC at Estadio Santiago Bernabeu on March 15, 2023 in Madrid, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images)

Јирген Клоп беше реален по уште една елиминација од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Реал заслужено се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите со двете победи против Ливерпул. По повеќе од убедливи 5:2 на Енфилд, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше 1:0.

„Поразот со 5-2 на „Енфилд“ не е одличен резултат ако сакате да поминете. Мора да имате посебен настап и не можевме да го направиме тоа вечерва. Реал Мадрид имаше подобри шанси, Алисон направи две фантастични одбрани. Подобриот тим помина, тоа мора да го признаеме. Ова е нокаут фазата. Не е тоа што го сакавме, туку тоа е она што го добивме“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул беше подобар од првиот меч, но повторно тоа не беше доволно за да избегне пораз.

„Потребни ви се моменти во ваков натпревар, ако погодевме во првото полувреме, тоа можеше да ни даде искра, но ова е хипотетички. Тие беа подобриот тим во три од четирите полувремиња и затоа поминаа“.

На Ливерпул сега му претстои жестока битка за Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Моментално се само шести со 42 бода, два помалку од Њукасл на петтото и шест зад Тотенхем на четвртото место.