Утре со почеток во 17:30 часот се игра големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. „Црвените ѓаволи“ се во одлична форма од 11 меча без пораз и во моментов се лидер. Јурген Клоп, тренер на Ливерпул, вели самиот факт што играат против моменталниот лидер и Манчестер Јунајтед е доволна мотивација сама по себе.
-Самата победа против Јунајтед има доволно значење, не е потребно да користам специјални елементи за да ги мотивирам моите играчи, вели Клоп.
Тој воедно не пропушти да го испофали Бруно Фернандеш кој два пати по ред е прогласуван за играч на месецот во Англија.
-Пред да се приклучи на Јунајтед, ние игравме против Спортинг на турнеја во Америка и кога го видов на тој натпревар, си реков „woww“. Сите го знаеја и од претходно, но првпат го гледав во живо и дефинитивно правеше разлика на теренот, вели тренерот на Ливерпул.