Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше својот ентузијазам, бидејќи неговиот тим ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и следната сезона.
Ливерпул го совлада Кристал Палас (2:0) во последното коло на „Енфилд“ и го зазеде третото место во последното коло.
„Неверојатно е. Не можев да замислам подобро – го сакавме ова чувство, оваа атмосфера. Сезоната ја завршивме на третото место. Не ми се верува. Целата заслуга е на момците“, рече Клоп.
„Црвените“ се соочија со бројни проблеми во текот на сезоната, а менаџерот не можеше да одлучи за најтешкиот момент.
„Не знам што да изберам. Се чини дека сезоната траеше две години. И сега едвај чекам да започнат подготовките“.
Германскиот стручњак потврди дека Вајналдум ќе го напушти клубот.
„Ќе ни недостасува. Во фудбалот е нормално луѓето да заминуваат, но многу ќе ни недостасуваат “.
Англиските новинари беа заинтересирани дали Хендерсон ќе биде подготвен за репрезентативна акција.
„Не знам дали тој ќе биде во тимот, но добро е, тој тренираше со нас последните два дена. Тој ќе биде еден од ретките во тимот кој нема да биде уморен“, додаде Клоп.