Јирген Клоп му вети на Ливерпул дека нема да го преземе управувањето со ниту еден клуб во светот веднаш по напуштањето на „Енфилд“.
Германскиот тренер Јирген Клоп изјави дека ќе земе пауза од една година кога ќе заврши неговото време во Ливерпул.
Клоп, кој беше назначен за тренер на „црвените“ во 2015 година, во минатото изјави дека во 2022 година ќе паузира од фудбалот, но во декември минатата година се согласи да го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година.
53-годишникот е подготвен да остане во Ливерпул и по истекот на неговиот договор, но инсистира на тоа што и да се случи, тој нема да брза да прифати друга работа веднаш кога ќе го напушти Ливерпул.
„Имам уште четири години од договорот и четири години изгледаат како вечни во фудбалот. Многу работи можат да се случат во ова време. Ако не го продолжам договорот по четири години, ќе заминам на одмор “, изјави Клоп.
„Кога ќе го напуштам Ливерпул, нема да прифати никаква работа следниот ден. Ова сигурно го велам. Ќе паузирам една година откако ќе го напуштам Ливерпул“, додаде тој.