ФУДБАЛ

Клоп: Овој играч е талент на векот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го опиша напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели како талент на векот.

Мартинели ги импресионираше сите со настапот на „Енфилд роуд“ постигнувајќи два гола во ремито 5-5 помеѓу Ливерпул и Арсенал, на кое Ливерпул славеше на пенали.

Талентираниот Бразилец ова лето беше префрлен во Арсенал од тимот на Итуано.

„Ван ден Берг, одигра одличен натпревар“, рече Клоп додека го пофали својот играч на тимот.

„Мартинели е доста добар и е на иста возраст. Тој е талент на векот, извонреден напаѓач “.