ФУДБАЛ

Клоп: Пенал на Салах? Тоа е животот, тоа не беше наша игра

Фото: BOURNEMOUTH, ENGLAND - MARCH 11: Juergen Klopp, Manager of Liverpool, looks on prior to the Premier League match between AFC Bournemouth and Liverpool FC at Vitality Stadium on March 11, 2023 in Bournemouth, England. (Photo by Charlie Crowhurst/Getty Images)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим заслужено загуби од Бурнмаут со 1-0 во 27. коло од Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол беше Филип Билинг во 28. минута.

 

“Што да кажам?” Во ниту еден момент ова не беше наша игра. Доминиравме во првото полувреме, но ја внесовме топката внатре во погрешни моменти против компактен противник. Имаа свои контри кои ги посакуваа, а ние не бевме задоволни од таков повлечен противник“, изјави Клоп и додаде:

„Малите нешта прават огромна разлика, некои топки не поминаа, а потоа примивме гол од контранапад, не се браневме добро. Мислам дека добро го започнавме второто полувреме, промашивме пенал и после тоа брзавме и не создадовме доволно шанси. Тоа е тоа”:

 

Во 67. минута Мохамед Салах го промаши пеналот.

 

„Беше многу одамна кога го добивме последниот пенал во лигата… Ова е целосно хипотетички, но ако тогаш погодевме, играта можеше да се сврти. Тоа не ја прави нашата игра подобра, но барем резултатот можеше да биде подобар. Салах постигнува многу голови, но сега го промаши пеналот, тоа е животот“.

 

Германскиот стручњак вели дека уште од самиот почеток му било јасно дека на неговиот тим му претстои тешка работа.

„Тие се борат за опстанок, прекрасен клуб и прекрасен град. „Немаа правилни резултати во последните месеци, но нивната игра е добра и денеска ги заслужија трите бода“, заклучи Клоп.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига