ФУДБАЛ

Клоп по киксот против Лутон: „Не заслуживме повеќе од бод“

Фудбалерите на Ливерпул вчера направија сериозен чекор назад во трката за титулата во Премиер лигата, бидејќи одиграа „само“ 1:1 со Лутон на гостински терен.

А тој еден бод „црвените“ го однесоа со голот на Луис Дијаз во петтата минута од судиското надополнување.

Ливерпул сега е на третото место со 24 бода, три помалку од Манчестер Сити и два помалку од Тотенхем, кој има натпревар помалку.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објективно ги сумираше своите впечатоци од натпреварот во Лондон:

„Мислам дека не заслуживме повеќе од бод. Можевме да победиме, ако ги погледнете шансите што ги имавме, но не го заслуживме. Тоа не е резултат од соништата, но ние сме доволно зрели да го прифатиме“, рече Клоп и додаде :

„Кога ќе изгубите 1:0 и ќе добиете нерешено, тоа е резултат што треба да ви се допадне. Пред натпреварот не мислев така, но на крајот ова е резултат што и двете екипи го заслужија“, заклучи Германецот .

ПОВРЗАНО

Премиер Лига