По освојувањето на ЛШ, германскиот експерт Јирген Клоп во Ливерпул ќе донесе засилување од 70 милиони фунти, пренесува францускиот “L’Equipe”.
Добро информиран извор тврди дека договорот помеѓу Ливерпул и Лил за трансферот на напаѓачот Николас Пепе е многу близок и дека наскоро би можело да се заврши.
Ливерпул ќе му дадат 70 милиони фунти, што треба да биде втор најскап трансфер во историјата на клубот. Се разбира, првиот е Ван Дајк кој е платен 76 милиони фунти на Саутемптон, додека вториот е Алисон Бекер, за кого Рома доби помалку од 20 милиони фунти.
Кога зборуваме за Пепе, тој е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кој имаше сезона на соништа во Лил. На 38 натпревари во Лига 1 постигна 22 гола и 11 асистенции.
Други клубови како Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се заинтересирани за него, но Ливерпул се чини дека е лидер во таа трка.