Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека Џордан Хендерсон ќе паузира три седмици поради повреда на потколеницата.
Хендерсон се повреди во осмина финалето во Лигата на шампионите против Атлетико, а по прегелдите беше констатирнод дека станува збор за малку посериозна повреда.
„Можеше да биде полошо. Тој доби еден удар, но не е толку лошо. Ќе биде надвор од теренот три недели, што не е во ред, но сепак можеме да кажеме дека не е толку лошо“, рече Клоп.
Играчот од средниот ред на „Редсите“ ќе го пропушти дуел со Вест Хем во понеделник, гостувањето кај Вотфорд, дербито против Челси во ФА Купот, Бурнемут, а можно е да го пропушти и реванш против Атлетико на „Енфилд“.
Оваа сезона Хендерсон одигра вкупно 34 натпревари и постигна три гола и пет асистенции во дресот на Ливерпул.