Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека „црвените“ мора да се борат за својата среќа.
Дуелот меѓу Челзи и Ливерпул беше дерби само поради името, а не поради резултатот. А тој дуел на два гиганти кои се сопнуваат беше разочарувачки, бидејќи заврши без голови.
Ливерпул во стартниот состав ги немаше Салах, Робертсон, Гакпо и Арнолд, главните столбови на тимот, што покажува пресврт во одлучувањето на Клоп. Германецот по мечот објасни дека на некои играчи им е потребен одмор.
Еден од најголемите тренерски стручњаци на денешницата, од Мајнц, Борусија Дортмунд до Ливерпул, само напредуваше и постојано се бореше за титули. За прв пат се најде во неповолна ситуација да не може ниту да се бори за трофејот, а моментално е надвор од конкуренција за Европа следната година.
„Не, фала му на Бога. Не би бил тренер на Ливерпул ако имам неколку сезони како оваа. Но, мораме да го преболиме. Таков е животот. Мора да се борите за да ја промените вашата среќа“, рече Клоп.
“Секако, не очекував дека тимот со шест измени ќе го одигра најдобриот натпревар во сезоната. Всушност, видов две екипи без доверба. Но, имаше и добри работи. Се боревме и мора да продолжиме така. Некогаш и малите чекори се важни“, истакна Клоп.
