ФУДБАЛ

Клоп разочаран: Ако продолжиме вака …

Ливерпул синоќа беше поразен од Лестер со минимални 1:0.

Пресуди голот на Локман и сега Ливерпул има многу потешка ситуација во борбата за титулата.

Манчестер Сити моментално има шест бода предност.

Коментар за натпреварот даде и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Поразот е пораз, мора да извлечеме поуки. Првата работа е дека не смееме да играме како синоќа. Го изгубивме ритамот, ние сме виновни. Не бевме свои“, вели Клоп.

Ја коментираше и борбата за првото место.

„Ако продолжиме вака, нема шанси да го фатиме Манчестер Сити на врвот.