ФУДБАЛ

Клоп сака лично да го запознае Вернер

Германскиот тренер инсистира дека може да го убеди сонародникот да се пресели во Ливерпул следното лето

Јирген Клоп сака да се сретне лично со напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Германскиот фудбалер стана мета на Ливерпул, кој го сака на „Енфилд Роуд“ по секоја цена.

За ова, германскиот тренер е заинтересиран да се сретне со неговиот сонародник, изразувајќи увереност дека може да го убеди да му се придружи на актуелниот европски и светски шампион.

24-годишниот фудбалер блеска оваа сезона во дресот на Лајпциг.

Таблоидот „Билд“ пишува дека германскиот клуб бара најмалку 100 милиони евра за опасниот напаѓач.