Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се смееше откако новинарите му ги прочитаа зборовите на Пеп Гвардиола по мечот со Њукасл.
Шпанскиот менаџер ги обвини медиумите, но и целиот свет дека навиваат за Ливерпул и истакна дека сите се против Граѓаните.
„Сите во оваа земја го поддржуваат Ливерпул. Новинари, медиуми, сите. Тоа е затоа што Ливерпул има неверојатна историја во европските натпреварувања. Тие не се во Премиер лигата бидејќи освоија само една титула во 30 години“, рече Гвардиола.
„Не ми е гајле што луѓето сакаат Ливерпул да го освои трофејот од нас. Повеќе луѓе ги поддржуваат овде, но и ширум светот. За среќа, судбината е во наши раце“, изјави Гвардиола.
Klopp's reaction to Guardiola's comments 😅 pic.twitter.com/vwjlvbvllw
— ESPN FC (@ESPNFC) May 9, 2022
Клоп денеска слатко се насмеа на овие зборови и рече:
“Немам поим дали целата земја не поддржува. Мене тоа не ми изгледа така. Можеби тој знае повеќе од мене”, изјави Клоп и додаде:
„Очигледно тешко го издржа испаѓањето од Лигата на шампионите.
https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1523646478467710977
Сити има натпревари со Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила до крајот на сезоната. Дуелите со Волците и Чеканите се на гости, а со Вила на 22 мај ќе играат на домашен терен.
Ливерпул, пак, има гостувања против Астон Вила и Саутемптон, а во последното коло го чека Вулверхемптон.