Ливерпул има големи проблеми поради повредени играчи, а најмногу страда од задната линија.
„Црвените“ долго време го загубија Виригил ван Дајк, а по него се повредија преостанатите двајца стопери Гомеи и Матип, па вчера на мечот против Саутемптон Клоп мораше да импровизира и да направи централни дефанзивци (Фабињо, Хендерсон).
Поради тоа Ливерпул реши да купи стопер овој јануари, а ќе се бара некој помлад кој би можел да биде долгорочно решение, а не само привремена опција.
Има неколку стопери кои Клоп сака да ги донесе на „Енфилд“, а прв на списокот со желби е Дејот Упамекано од Лајпциг, а на списокот е Озан Кабак, младиот дефанзивец на Шалке, кој сè уште е поевтино решение и помалку баран и попривлечен од Упамекано.
Третата опција е Пау Торес, 23-годишен стопер на Виљареал, кој исто така е на листата и неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.