Фудбалерите на Ливерпул вечерва на домашен терен играат повторен натпревар од шеснаесеттото финале на ФА Купот против Шрусбери Таун.
Ливерпул нема да играат со најсилната постава вечерва затоа што Клоп сака да го одмори својот прв тим поради пеколен распоред. Германски стручњак претходно критикувал дека клубовите во Англија едноставно имаат премногу натпревари, и дека станува збор за многу уморни играчи.
Очигледно е дека на Ливерпул воопшто не им е грижа дали ќе се пласираат во следната фаза од натпреварувањето, а шансата на „Енфилд“ вечерва ќе припадне главно на резервните играчи на клубот.
Исто така, нема да го има Клоп на клупата кој очигледно реши да се одмори. Тимот ќе го води Нил Критли кој инаку го предводи резервниот тим на клубот од „Енфилд“.
Клоп не сакаше првиот тим да ја прекине својата пауза за настапот во ФА Купот, а тој очигледно реши да направи кратка пауза. Тој рече дека ќе го гледа натпреварот на својот лаптоп и ќе контактира со Критли и неговите помошници по потреба.
Во првото пресрет на овие екипи, Клоп изнесе комбинирана екипа на теренот, а натпреварот заврши со резултат од 2-2, иако Ливерпул имаа водство од 2-0.