ФУДБАЛ

Клоп вели дека голот на Салах против Манчестер Сити ќе се памети и по 60 години (ВИДЕО)

Јирген Клоп го пофали магичниот гол на Мохамед Салах против Манчестер Сити во неделата како гол од светска класа, кој ќе се памети и по половина век.

Египетскиот напаѓач ја издрибла речиси целата одбрана на Сити пред да го совлада Едерсон со удар со десната нога за да му даде предност на Ливерпул на „Енфилд“.

Сепак, Кевин Де Брујн израмни малку подоцна и натпреварот заврши 2:2.

Ова беше седми последователен натпревар во сите конкуренции на кој Салах постигнува гол.

Говорејќи по натпреварот, тренерот на Ливерпул, Клоп рече: „Не е прв гол Салах да постигне вака. Мислам дека постигна слични голови против Наполи и Тотенхем. Но, тоа беше гол од светска класа. Каков играч е!”

„Овој клуб никогаш не заборава ништо и луѓето ќе зборуваат за овој гол многу, многу долго и по 60 години кога ќе се сетат на овој натпревар“, додаде тој.