Онаму каде што застанаа на крајот од минатата сезона, фудбалерите на Ливерпул продолжија на почетокот на новата сезона.
Три натпревари во Премиер лигата со три победи, а за играта на „црвените“ од фудбалски експерти доаѓаат само пофални зборови.
Секако најзаслужен за тоа е менаџерот Јирген Клоп, за кого шпанскиот голман Адријан зборуваше за островските медиуми.
Тој истакна дека Клоп е како татко на играчите и дека сите имаат голема доверба во него.
“Искрено ќе ти кажам, Клоп за нас е како татко. Тој е капетан на нашиот брод, но не и капетан на далечина, некаков капетан одвнатре. Ужива во блиска интеракција со играчите и како што можете да видите од неговите интервјуа, тој има харизма”, изјави шпанскиот чувар.
“Тој ми даде голема самодоверба уште од самиот почеток, поради што се преселив во Ливерпул. Отсекогаш сум ја чувствувал неговата доверба и мислам дека секој играч се чувствува исто”, додаде Адријан.