ФУДБАЛ

Клоп за отказите во ПЛ: „Јас сум последен од Мохиканците“

Изминатата недела ја одбележаа откази на менаџери во Премиер лигата. Најпрво Антонио Конте доби отказ во Тотенхем, па Брендан Роџерс го плати цехот поради лошите резултати на Лестер, а потоа Челзи очекувано му врачи отказ на Греам Потер, па сезоната ќе ја заврши со трет тренер, бидејќи ја почна со Томас Тухел. на клупата.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека зборувал за оваа ситуација, иако и за него не цветаат рози оваа сезона.

Клоп беше замолен од новинарите да ги коментира отказите на Роџерс и Потер.

„Што да кажам за тоа? Непријатното нешто за кое никој не зборува е зошто сè уште сум на ова место во овој луд свет. Последен од Мохиканците. Ниту еден клуб не е на позицијата во која сакаат да бидат. Не можам да кажам многу, добро ги познавам и ми се допаѓаат и двајцата“, изјави Клоп, кој е на клупата на „црвените“ од 2015 година.

Потер на тој начин стана 12-тиот менаџер кој доби отказ оваа сезона во Премиер лигата, што е нов рекорд.

„Тие се навистина добри луѓе и фантастични менаџери, но работите сепак може да тргнат наопаку. Оние кои ги носат одлуките чувствуваа дека е потребна промена и сите ние мораме да го прифатиме тоа како дел од работата. Чудо-недела – Конте минатата недела, потоа Нагелсман (отказ од Баерн) и сега уште два. За сите четворица иднината во фудбалот е светла“.

Избраниците на Клоп викендов загубија од Манчестер Сити со 4:1, а во вторник од 21 часот му гостуваат на Челзи.

„Свесен сум дека на ова место сум поради минатото, а не поради она што го направивме оваа сезона. Ако ова беше мојата прва сезона, ќе беше малку поинаку. Да, имаме паметни сопственици кои се запознаени со ситуацијата. „Прашајте ги зошто е така…“ Не ми се допаѓа тоа што морам да се потпирам на минатото. Дали е тоа исправно? Ќе видиме, треба да се средиме, треба да најдеме излез”, заклучи германскиот стручњак.

Ливерпул е осми во Премиер лигата со 42 бода.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига