Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека аргентинската репрезентација заслужила да го освои Светското првенство во Катар.
На 18 декември, Аргентина ја совлада Франција во финалето на Светското првенство по подобро изведување пенали. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на Светското првенство.
„Им честитам на Аргентинците од се срце. Тие го заслужија златото, финалето беше посебно. Кога ќе видите како славеа играчите и целата земја, знаете дека вистинската екипа го освои златото. Среќен сум поради нив, долго го чекаа. Најдобриот фудбалер на моето време успеа да стигне до целта“, изјави Клоп.
Тој му даде низа пофалби на Меси.
“Од сите играчи што сум ги видел како играат фудбал, Меси е најголем. Тој игра одлично со оглед на тоа што има 35 години. Меси им докажа на сите дека може да игра фудбал на највисоко ниво со оглед на неговата возраст. Тоа значи дека не можеме да ги отпишеме прерано“, истакна Клоп.