Дарвин Нуњез не може да ги намести нишанените уреди, а по мечот со Манчестер Сити денеска промаши и против Астон Вила.
Уругваецот пропушти дури четири одлични шанси, од кои барем една мораше да ја претвори во гол, но тоа не се случи.
Сепак, и покрај ова, се добива впечаток дека прашање на време е кога ќе работи Нуњез. Клопа најмногу се радува што влегува во шансите и што неговото влијание во играта е огромно.
„Дарвин одигра неверојатен натпревар. Тој ќе дава голови, не се сомневам во тоа. Тој носи многу во нашата игра, многу повеќе од голови, а тие ќе дојдат. Се ќе биде добро, само нека продолжи да игра вака. “, изјави Клоп и потоа го пофали третиот гол кој го постигна Стефан Бајчетиќ.
“Многу сум среќен со тој трет гол. Многу ми се допадна како Дарвин бега со топката, како Стефан потоа постигна гол. Тоа беше многу кул завршница”, изјави Клоп.