ФУДБАЛ

Клоп: Знаев кој ќе го добиеме уште пред ждрепката, Симеоне сигурно не трча низ собата од среќа

Во Нион денес се одржа ждрепката за осмина финалето на Лигата на шампионите, а неговиот противник, меѓу другите, го дозна и Ливерпул.

Бранителот на титулата ќе игра против Атлетико Мадрид. Првиот натпревар ќе се одигра на 18 февруари во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“, додека возвратниот ќе се игра на „Енфилд“ на 11 март следната година.

Јирген Клоп ќе се обиде да го реплицира успехот со Ливерпул што го постигна минатата сезона, а по денешната ждрепка изјави дека знаел дека ќе добие еден од двата клуба од Мадрид.

„Ждрепката е интересна. Пред ждрепката, јас навистина мислев дека ќе биде клуб од Мадрид. Било кој од двата клуба – добро, тоа е тоа“, изјави Клоп за англиските медиуми.

„Ќе биде тежок натпревар, како што треба, но како што мислиме и велиме поголемиот дел од времето, не мислам дека господинот Симеоне не трча низ соба од среќа што го доби Ливерпул“.

„Ќебиде тежок натпревар. Два тима кои се навикнати да играат интензивен фудбал. Различни стилови и малку поинаква организација, се разбира, но и двата тима се подготвени за тој интензитет и тоа ја прави играта прилично заморна за двата тима”, додаде Клоп.