Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски ја започна новата сезона со застрашувачки бројки.
31-годишниот играч постигна 18 голови оваа сезона со клубот и репрезентацијата. Претстава за која полскиот играч доби и комплименти од оној кој многу добро го познава „занаетот“ на постигнување голови.
Тој е Мирослав Клосе, поранешен напаѓач на Германија и Баерн.
„Тој е десет пати подобар од мене“, изјави 41-годишникот за „Спорт Билд“.
„Тој има сличен стил на игра со мене, но тој е 10 пати подобар од мене. Тој е полноправен напаѓач, ги користи двете нозе, силен е со главата и има многу добар удар“.