Саул Нигез реши летово да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во Челзи.
Саул во Атлетико минатата сезона немаше минутажа како и обично и реши дека е време за нов предизвик во кариерата.
26-годишниот играч од средниот ред доби понуда од Челзи која не можеше да ја одбие. „Сините“ решија да го доведат Саул на позајмица до крајот на оваа сезона со можност за откуп на договор.
Сепак, Саул не се вклопи баш најдобро во својот нов тим. Неговото деби беше за заборав, а во Премиер лигата одигра само два натпревари во досегашниот тек од сезоната и запиша вкупно 47 минути.
Во другите натпреварувања одигра уште три натпревари, но секако е далеку од она што го очекуваше кога летово пристигна на „Стемфорд Бриџ“.
Шпанските медиуми објавија дека Саул не е во плановите на Томас Тухел и како што стојат работите по само половина година, шпанскиот играч за врска би можел да го напушти лондонскиот клуб.
„Марка“ објави дека Челзи сака да ја раскине позајмицата на Саул уште во јануари, по што тој би се вратил во Атлетико Мадрид. Каков неуспех беше да се оди во Челзи најдобро говори податокот дека само третиот голман Марко Бетинели постигна помала минутажа од него.
Атлетико не сака Саул да се врати во јануари и порачаа дека воопшто нема клаузула во договорот дека Челзи може порано да ја раскине позајмицата. Затоа е јасно дека Саул ќе остане во Челзи до крајот на сезоната и ќе се обиде некако да се избори за минути.
Саул е крив што Челзи му „забоде нож во грб“ затоа што воопшто не разговарале со него и му дале до знаење дека сакаат да се врати во Атлетико во јануари. Шпанецот е лут поради таквиот став, но сепак е подготвен да докаже дека неговото доаѓање во Лондон не било грешка.