ФУДБАЛ

Клубовите од Серија А едногласно решија да ги намалат платите

На сите играчи ќе им бидат намалени платите за една третина, едногласно изгласаа клубовите во Серија А.

Многу клубови се во финансиска загуба откако пандемијата на коронавирус го прекина првенството пред скоро еден месец.

Јувентус беа првите што ги намалија платите на играчите, а сега сите екипи на Серија А изгласаа едногласно.

Доколку сезоната продолжи, играчите ќе добиваат плата со намалување од 15 проценти до крајот на сезоната.

Серија А беше на работ на откажување, но на предупредување на УЕФА беше решено да се почека за подобар период за продолжување на сезоната.

ПОВРЗАНО

Серија А