ФУДБАЛ

Клубовите во Англија со ентузијазам најавуваат дека сезоната конечно продолжува

Денес беше потврдено дека англиската Премиер лигата ќе продолжи на 17 јуни со преостанатите натпревари од 28. коло.

Фудбалските навивачи во Англија со нетрпение чекаат продолжување на сезоната, а денес беше решено дека тоа ќе се случи на 17 јуни со натпреварите меѓу Манчестер Сити и Арсенал, и Астон Вила и Шефилд Јунајтед.

После тоа, редовното 30. коло ќе се игра на 19 јуни, а конечниот распоред на натпреварите ќе биде познат наскоро. Планот е сезоната да заврши до 1 август, така да клубовите кои играат во Европа имаат време да се подготват за европските натпревари.

Веста дека сезоната продолжува по пауза од повеќе од два месеци ги воодушеви и англиските клубови. Тие најмногу потврдија на социјалните мрежи дека првите натпревари ќе се играат на 17 јуни, па јасно е дека сите со нетрпение чекаат фудбалот да се врати на стадионите.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига