ФУДБАЛ

Клубовите во Белгија предложија: Дозволете се игра финалето на Купот

Белгиските клубови и Фудбалската асоцијација сè уште не се откажуваат од намерата да одиграат неколку натпревари до крајот на сезоната.

Да потсетиме, лигата таму конечно беше прогласена за суспендирана пред неколку дена. Властите не дозволија натамошно играње и Федерацијата немаше друг избор освен да ја прекине лигата.

Засега останува непознато дали ќе се прогласи шампион или сезоната едноставно ќе биде откажана.

Се верува дека Федерацијата сепак ќе ги објави шампионите и клубовите кои одат на европските натпреварувања според тековната табела и затоа клубовите сакаат натпреварувањето во Купот да се игра до крајот.

Сегашен лидер во лигата е Клуб Бриж со 15 бода повеќе од Гент, додека истиот тим треба да го игра финалето на Купот против Антверпен.

Писмо во кое белгиските клубови и Фудбалската асоцијација ќе побараат да се игра финалето на Купот, за правилно распределување на европските места, ќе биде испратено од Про Лигата и Фудбалската асоцијација на Белгија до градот Брисел.

Финалниот натпревар во Купот би се одиграл на стадионот „Стад Рој Бадуин“.