ФУДБАЛ

Клучниот играч на Реал Мадрид заврши со фудбалот за 2023 година

Заврши фудбалската 2023 година за еден од главните играчи на шпанскиот гигант Реал Мадрид …

Станува збор за дефанзивецот Дани Карвахал, а веста ја пренесе спортскиот новинар Фабрицио Романо!

31-годишниот десен бек одигра едно полувреме против Гранада на 2 декември, но беше заменет на полувремето. Романо сега на социјалните мрежи напиша дека станува збор за повреда на потколеницата на левата нога која искусниот играч ќе го извади од терените до крајот на календарската година.

Кои натпревари ќе ги пропушти?

Тоа значи дека Карло Анчелоти нема да може да се потпре на Шпанецот на натпреварите против Бетис (гости, 9/12), Унион Берлин (гости, 12/12), Виљареал (дома, 17/12) и Алавес (гости, 21/12).

Фабрицио Романо додава дека целта на Карвахал ќе биде навреме да се опорави за 1/2-финалната битка за шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид, која е закажана за 10 јануари!

* Во тековната сезона 2023/24, Дани Карвахал има акумулирано 1.376 минути игра, кои се распоредени на вкупно 17 натпревари во сите натпреварувања (2 гола, 2 асистенции и 1 жолт картон).