ФУДБАЛ

„Кога го видов како плука кон противникот, се прашував дали е мојот син?

Маркус Турам беше суспендиран на шест натпревари и беше казнет со 40.000 евра за плукање на противникот на натпреварот помеѓу Борусија Менхегладбах и Хофенхајм.

Францускиот фудбалер го плукна во лице Стефан Пош и иако тврдеше дека нема намера, тој беше строго казнет.

https://twitter.com/Rautist7/status/1340344892107726849

Неговиот татко, легендарниот Лилијан Турам, не може да верува дека неговиот син направил такво нешто.

“Несфатливо е што стори. Бев шокиран и се прашував дали е навистина мојот син? Подоцна ми објасни дека е лут и навреден од противникот, но дека тоа не го сторил намерно. Плунката се насобрала во устата и мораше да ја исфрле“, рече Турам и додаде:

“Тој сака луѓето да знаат дека тоа не е намерно. Ми рече, тато, не сакам луѓето да мислат дека ќе плукам некого, бидејќи нема смисла. Тој ја прифати казната и треба да биде казнет заради нешто што не требаше да го стори”, рече тој Лилијан.

Следниот пат, тие ќе реагираат попаметно …