ФУДБАЛ

Кога не оди, не оди – Халанд промаши пенал, Сити не победи, гримасите на голманот станаа хит (ВИДЕО)

Манчестер Сити повторно не победи. И ова веќе не е вест, бидејќи четврти меч во низа во Премиер лигата избраниците на Пеп Гвардиола не можат да победат, па „паднаа“ на седмото место на табелата. На домашен терен синоќа одиграа 1:1 против Евертон.

Поведе Сити со голот на Силва во 14-та минута, но во 36-тата израмни Ндаје. Можеше сити до нов гол, но Халанд во 53-та не реализираше пенал. Гримасите на лицето на голманот на Евертон при пеналот на Халанд, станаа хит на социјалните мрежи.


Standings provided by Sofascore

ПОВРЗАНО

Премиер Лига