Поради пандемијата на коронавирус, натпреварувањето во италијанската Серија А одамна е прекинато.
Откако се одигра едно коло без присуство на публиката, беше решено на првенството да се стави крај до почетокот на април, но со оглед дека Италија е жариштето на вирусот во Европа, скоро е сигурно дека фудбалот нема да се врати на Апенините толку рано.
„Ла Република“ вечерва известува дека паузата ќе биде до 3 мај и дека фудбалот во тоа време ќе се врати во Италија. Во тој случај, сезоните би биле продолжени до 30 јуни, а со тоа треба да се откаже и Европското првенство.
Тоа сигурно ќе се случи. УЕФА својата последна одлука ќе ја донесе во вторник, но доколку се играат натпреварите помеѓу 3 и 30 јуни, екипите ќе имаат голем број на натпревари.
Причината поради која сезоната треба да заврши на 30 јуни е затоа што на играчите им истекуваат договорите на тој ден и според правилата по тој датум, оние што се слободни или на заем немаат право да играат за сегашните тимови.
Сепак, дефинитивно треба да чекаме на одлуката на УЕФА за Европското првенство и искрено се надеваме дека наскоро ќе го видиме најдоброто од европскиот фудбал.