Како и сите други големи европски лиги, англиската Премиер лига е прекината повеќе од еден месец.
Пандемијата на коронавирус ја запре Премиер лигата по 29. коло, но работата е веќе во тек и клубовите треба да се договорат за плановите за продолжување на сезоната денес.
Секако, голем дел од ова ќе има понатамошно влијание врз ширењето на вирусот, при што владата на Велика Британија вчера донесе одлука да го продолжи карантинот до 7 мај.
Се поставува прашањето кога фудбалерите би можеле да започнат со тренинзи. Лидерите на пониските лиги испратија писмо до своите клубови дека тренинзите би можеле да започне на 16 мај и ќе бидат известени за одредени измени.
Сигурно е дека играчите на Премиер лигата нема да можат да тренираат пред овој датум. Во тој случај, ќе треба две недели за да се подготват за продолжување на сезоната, бидејќи клубовите сакаат да ја завршат лигата до јуни.
Поради истекувањето на договорот на многу фудбалери, тие се подготвени да ги одиграат преостанатите девет кола во текот на месец јуни. Оваа опција не е непрактична, но играчите сигурно ќе бидат изложени на големи напори.
Затоа е предложено дека до крајот на сезоната на клубовите треба им бидат дозволени пет измени со цел да се намали ризикот од повреди, а сигурно е дека ВАР нема да се користи до крајот на сезоната.
Сезоната сигурно ќе продолжи, а скоро и да нема можност првенството да биде прекинато, бидејќи би се изгубиле огромни суми од ТВ-правата, а многу клубови би банкротирале.