ФУДБАЛ

Кога се враќа Садио Мане?

Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане е позитивен на коронавирус, па викендов ќе го пропушти дуелот со Астон Вила.

„Црвените“ ја отворија сезоната со три победи во кои ја бранат титулата и сега сакаат да ја продолжат таа одлична серија, но од друга страна ја чекаат Вила, која исто така ја започна добро сезоната.

Јирген Клоп има главоболка од отсуството на Мане, кој е отсутен поради коронавирус. Сепак, тука е Диого Јота, засилување од Вулверхемптон, кој веќе постигна гол на своето деби против Арсенал.

Се очекува Португалецот да игра од првата минута, а Мане треба да се врати за 14 дена. Со пауза поради репрезентативната акција, тој би можел да биде подготвен за градското дерби против Евертон.

Сенегал ќе игра против Мароко и Мавританија без Мане, а напаѓачот мора да биде изолиран во следните десет дена.