ФУДБАЛ

Кога „ѕверови“ како Ибрахимовиќ и Медел ќе се судрат со глава, има само еден епилог (ВИДЕО)

Милан не успеа да ја победи Болоња во натпреварот од 38. коло во италијанската Серија А.

Дуелот на Сан Сиро заврши без голови, а Милан во многу важен момент загуби бодови иако ќе остане лидер на табелата со 67 бодови. Наполи има 66, Интер 63 со натпревар помалку.

Росонерите вечерва одиграа навистина лош натпревар, а не помогна ниту Златан Ибрахимовиќ кој го замени Оливие Жиру во 70. минута.

Ибра го дочека натпреварот со завој околу главата, по сударот со Гери Медел во 79. минута. Крвта течеше по лицата на искусните фудбалери, на кои им беше укажана помош, а и двајцата потоа останаа на теренот.

Ибрахимовиќ во еден момент се сврте кон Медел и му кажа неколку зборови, но сето тоа се случи во жарот на битката и во желбата на Чилеанецот да ја добие топката.

Фудбалерите на Болоња вечерва имаа посебен мотив бидејќи играа за нивниот тренер Синиша Михајловиќ, кој ќе биде на лекување во наредните денови, а тој во саботата вечерта испрати видео порака до тимот и им посака се најдобро, среќа и храброст, да не се плашат од Милан и 60.000 навивачи на Сан Сиро, а тие сето тоа го усвоија, одиграа одлично и храбро, на крајот заслужено освоија бод.

Бод е далеку помалку вреден за Милан, иако секој бод може да биде од големо значење во оваа трка за Скудетото. Следниот натпревар Милан го игра следниот викенд во Торино, а потоа следува дуел со Интер во Купот, а потоа тешко гостување кај тимот на Лацио во Рим.

ПОВРЗАНО

Серија А