Се приближуваме до јануарскиот преоден рок и многу клубови ќе сакаат да ги освежат тимовите во оваа исклучително тешка сезона.
Реал Мадрид секогаш се поврзува со големи sвезди и квалитетни фудбалери, но судејќи според тврдењата на Зидан на денешната прес-конференција, засилувања нема да има.
“Да ги задржиме парите за нешто друго. Ситуацијата е комплицирана. Нема да бараме да биде донесен ниту еден играч”, рече Зидан.
Го прашаа и за можноста во иднина да игра во Европската Супер лига.
“Најважно е клубот да направи што е најдобро за него. Фокусирани сме на играта и ќе играме во натпреварување каде што треба да играме. Тоа е нешто што во моментот не е реалност и затоа не сакам да трошам премногу зборови на тоа”, заклучи Зидан.