Манчестер Сити е прв на листата на клубови кои потрошиле најмногу за трансферот во јануарскиот преоден рок. Донесоа четворица фудбалери за 218 милини евра. Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт е најскапо платен, 75 милиони евра и го нарекуваат новиот Салах. Следува Нико Гонзалес од Порто, платен 60 милиони евра, потоа Кусанов од Ленс за 40 милиони, и Витор Рајс од Палмеирас за 35 милони евра.
Иако имаше супер преоден рок, сепак Милан не потроши многу за да се најде во самиот врв. Со 48,5 милиони евра е на десетото место, а ги донесе Санти Гименез , Жоао Феликс, Ворен Бондо, Кајл Вокер, Рикардо Соттил. Сумата е ниска бидејќи Феликс и Вокер се позајмени.
На второто место е француски Рен кој потрошил 74, 65 милиони евра, а во топ 5 има два клуба од Саудиска Арабија, Ал Наср и Ал Ахли, меѓу нив е и француски ПСЖ.
Инаку, најскапиот трансфер е оној на Џон Дуран од Астон Вила во Ал Наср за 77 милиони евра, следува Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт во Сити за 75 милиони евра, Кварацхелија од Наполи во ПСЖ за 70 милиони, Нико Гонзалес од Порто во Сити за 60 милилни, а првата петорка ја заокружува трансферот на Чави Симонс од ПСЖ во Лајпциг за 50 милиони евра, кој беше на позајмица, а сега германскиот тим го откупи неговиот договор.
