Златан Ибрахимовиќ се врати и треба да игра повторно наскоро, што е секако одлична вест за сите во Милан.
Со Ибра во тимот, сè е полесно, нема дилеми, а тренерот Стефано Пиоли едвај чека конечно да ги искористи услугите на шведскиот ветеран. Ибрахимовиќ е вклучен во списокот што вечерва го чека Торино на првенствениот натпревар, и дали ќе игра?
Имајќи предвид дека тој сè уште не е целосно подготвен, односно на 100 проценти, евидентно е дека Ибрахимовиќ ќе стартува на клупата, а за тоа го навести и тренерот Пиоли.
“Ќе мора да стиснеме заби, ако се случи повторно да повредиме некој друг, ќе имаме сериозни проблеми. Мислам дека Ибрахимовиќ не е подготвен за овој натпревар со Торино”, изјави Пиоли.
Сепак, имајќи предвид дека тој ќе биде дел од тимот, се претпоставува дека во случај на негативен резултат, Ибрахимовиќ ќе добие шанса да игра во финишот, најмалку 10 минути.
Хакан Чалханоглу има и здравствени проблеми, но тој е исто така со тимот, иако се верува дека Турчинот нема да биде искористен во дуелот со Торино, и двајцата ќе бидат целосно подготвени за следниот натпревар на „росонерите“.